Фудбалерите на Милан не блескаат оваа сезона, а најголемо разочарување е елиминацијата од Лигата на Европа уште во групната фаза, додека во Серија А се наоѓаат на петтата позиција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ веќе го обезбедија Пакета кој неодамна пристигна во Милано, но според „Газета дело Спорт“ Италијанците нема тука да застанат.
Според споменатиот медиум Милан преговара и со фудбалерот на ПСВ, Ирвинг Лозано.
Лозано познат на пошироката јавност и стана со солидните настапи н Мундијалот..
Холандскиот тим бара 40 милиони евра за договорот на Лозано, но Милан ќе се обиде да ја намали цената и се надеваат дека во тоа може да им помогне познатиот менаџер Мино Раиола со кој ги нарушија односите после конфликтот околу Донарума.
Спортскиот директор на Милан, Леонардо е воодушевен од настапите на овој Мексиканец и наводно го означил како еден од приоритетите во зимскиот преоден рок.
Претходно Лозано во медиумите се поврзуваше и со Барселона.
https://www.youtube.com/watch?v=fNSPG85FFrM