Дома Фудбал Италија Милан потврди: Новото засилување во „аут“ 4 недели

Милан потврди: Новото засилување во „аут“ 4 недели

Италијанскиот гигант Милан денес потврди дека во следните четири недели нема да може да смета на новото засливање, Лукас Биглиа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Биглиа пред два дена се повреди на тренинг, а лекарските прегледи покажаа дека има повреда на бутниот мускул и ќе треба да паузира точно четири недели.

Тоа значи дека Аргентинецот ќе ги пропушти двата дуели со Шкендија во Лига Европа, и првенственте дуели со Кротоне и Каљари.

Доколку се биде како што треба Биглиа најверојатно ќе дебитира против Лацио во третото коло од Серија А на 10-ти септември.

Потсетување, Биглиа ова лето пристигна на „Сан Сиро“ токму од Лацио за трансфер вреден 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…