Милан одбил понуда од Челзи „тешка“ 50 милиони евра за дефанзивецот Алесио Ромањоли, пренесува „Скај Спорт“.
Ромањоли оваа сезона игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, иако пред неколку недели наполни само 23 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интерес за него покрај Челзи покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Јувентус, но Милан нема намера да ја продава својата ѕвезда.
„Скај Италија“ пренесува дека „росонерите“ одбиле понуда од 50 милиони евра и наскоро ќе започнат преговори за нов договор со дефанзивецот.
„Во следните недели ќе седнеме да разговараме со неговиот агент. Тоа ни е приоритет, сакаме што поскоро Алесио да го продолжи договорот“, изјави генералниот директор Марко Фасоне.
Ромањоли пристигна на „Сан Сиро“ во 2015 година од Рома за 25 милиони евра и има договор со „росонерите“ до 2020 година.