Дома Трансфер зона Милан не се откажува од Депај

Милан не се откажува од Депај

Милан веќе подолго време е заинтересиран за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај и сака летово конечно да го комплетира трансферот.

Ѕвездата на Лион сака да ја промени средината, а Милан е дестинација која му се допаѓа, па „росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот игра во одлична форма, па го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Меѓутоа, Милан е спремен да ја победи конкуренцијата.

Крилниот напаѓач ова лето ќе биде примарна цел на „росонерите“, а во прилог им оди целокупната ситуација.

Имено, поради пандемијата сезоната во Франција заврши предвреме, па цените на фудбалерите драстично ќе паднат, а Депај инсистира на трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…