Дома Трансфер зона Милан на чекор од две големи засилувања

Милан на чекор од две големи засилувања

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на чекор од две големи засилувања.

Како што е веќе познато „росонерите“ сакаат да го вратат Бакајоко на „Сан Сиро“ и според последните информации е постигнат договор со Челзи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французнот ќе се врати во Милан на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 30 милиони евра. Трансферот би требало да биде комплетиран до крајот на неделата.

Второто засилување треба да пристигне од Мадрид, а станува збор за талентот на „кралевите“ Брахим Дијаз.

„Скај Италија“ пренесува дека „росонерите“ постигнале договор со Реал Мадрид за трансфер на Брахим Дијаз.

Офанзивниот играч не добива голема минутажа кај Зидан, па „кралевите“ се спремни да го пуштат во Милано.

Формулата на трансферот е иста, позајмица со право на откуп следното лето, но не е познато дали Реал ќе стави „бај-бек“ клаузула во договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фудбалерот на Реал Мадрид се сели во Атлетико Мадрид?

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос е незадоволен од својата улога и минутажа…