Реал Мадрид минатото лето ја „победи“ Барселона во борбата за талентираниот шпански играч, Дани Себаљос кој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Бетис.
Себаљос минатото лето на Европското првенство за млади ја воодушеви Европа, а само неколку дена по тоа потпиша за Реал Мадрид. Овој играч од средниот ред на масата имаше понуда и од Барселона, но во последен момент го избра „Кралскиот“ клуб. Само неколку месеци подоцна, Себаљос сфати дека направил грешка, бидејќи беше јасно дека нема место во екипата на Зидан. Тој јасно стави до знаење дека ова лето ќе го напушти клубот, а најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Росонерите“ ги контактирале „Кралевите“ во врска со Себаљос и добиле јасен одговор од Перез. Наводно, претседателот на Реал јасно кажал дека ќе го испрати Себаљос на позајмица, но со задолжителен откуп на неговиот договор на крајот од сезоната. Доколку управата на Милан се согласи на овие услови, летото 2019. година ќе мора да им плати 40 милиони евра на „Кралевите“ за Себаљос.