Дома Трансфер зона Милан на лето може да остане без капитенот

Милан на лето може да остане без капитенот

Според тврдењата на италијанските медиуми, Милан на лето би можел да остане без капитенот и еден од најдобрите поединци во тимот.

Алесио Ромањоли игра уште една одлична сезона и се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа, па Милан тешко ќе може да го задржи во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Росонерите“ минатото лето одбија понуди од 50 милиони евра за него, но самиот Ромањоли напомена дека би сакал да игра во Лигата на шампиони.

Милан и оваа сезона е далеку од пласман во најелитното натпреварување, па најверојатно на лето ќе мора да го „жртвува“ капитенот.

Раководството веќе работи на трансферот на Тиаго Силва, а тоа најверојатно ќе значи заминување на Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…