Дома Топ вести Милан најде замена за Кјаер

Милан најде замена за Кјаер

Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец, бидејќи повредата на Кјаер е сериозна и ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Најголема желба на „росонерите“ е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат на „Сан Сиро“ во јануари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој ги мина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020 година и уште во првата сезона се наметна во еден од клучните играчи на тимот.

Во Милан веруваат дека Холанѓанецот може да биде адекватна замена за Кјер, кој ги повреди лигаментите на коленото и го чека долга пауза.

Милан има одлични односи со Лил и поради тоа верува дека ќе ја победи конкуренцијата и ќе го обезбеди потписот на Ботман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…