Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.
21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан сакаше уште во летниот преоден рок да го донесе на „Сан Сиро“, но Марсеј ја одби понудата на „росонерите“.
Сепак, италијанскиот клуб не се откажува и работи на тоа да го донесе Камара без обештетување бидејќи договорот на Французинот со Марсеј истекува на крајот на сезоната.
Милан во него гледа идеална алтернатива за Франк Кеси, па сака да го донесе уште во јануари за симболична сума, но треба да ја победи конкуренцијата.