Дома Трансфер зона Милан и Реал се договорија за Брахим Дијаз

Милан и Реал се договорија за Брахим Дијаз

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Реал Мадрид постигнале договор и Брахим Дијаз ќе остане на „Сан Сиро“ и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Брахим Дијаз минатото лето се пресели од Реал Мадрид на позајмица во Милан. Одигра одлична сезона и покажа дека е еден од најголемите шпански таленти.

Шпанецот пристигна на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица без опција за откуп, но Милан сака да го задржи.

„Росонерите“ веднаш започнаа преговори со Реал Мадрид, а последните информации се дека постигнале договор.

Брахим Дијаз ќе остане на „Сан Сиро“ уште една година на позајмица, а следното лето Милан ќе има опција да го откупи за 20 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…