Милан и Лил се блиску до договор за трансфер на дефанзивецот Свен Ботман, пренесува „Калчомеркато“.
Лил ги одби сите понуди за Холанѓанецот бидејќи не сака да се раздели со него во јануари, но Милан ќе се обиде да го договори трансферот за на лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.
Милан има договор со Ботман, а е блиску до договор и со францускиот клуб за трансфер вреден 33 милиони евра.
„Росонерите“ се спремни да платат 27 милиони евра плус бонуси, а Ботман да пристигне на „Сан Сиро“ по завршување на сезоната, односно во јуни.
🚨 Milan and Lille are at a good point in negotiations for the signing of Botman next summer: €27M+bonuses that would make the total fee reach €33M. Milan have an agreement in principle for a 4-year contract with Botman, who turned down Newcastle for the Rossoneri
— Milan Eye (@MilanEye) January 25, 2022
[@86_longo] pic.twitter.com/0x16vZrJMr