Дома Трансфер зона Милан и Ливерпул во битка за играч од 100 милиони!

Милан и Ливерпул во битка за играч од 100 милиони!

Португалскиот репрезнетативец Бруно Фернандес игра уште една одлучна сезона во Спортинг Лисабон, па на лето Милан и Ливерпул ќе водат битка за неговиот потпис.

Минатото лето Фернандес остана во клубот од Лисабон и покрај големиот интерес на европските гиганти. Оваа сезона за Спортинг запиша 31 настап во сите натпреварувања на кои постигна 17 гола и запиша осум асистенции.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бруно Фернандес има откупна клаузула од 100 милиони евра, а раководството на Спортинг сака да му понуди нов договор со траење до 2024 година во кој исто така ќе има откупна клаузула од 100 милиони евра.

За Португалецот постои интерес од многу европски гиганти, а како главни фаворити за неговиот потпис се наведуваат Милан и Ливерпул.

Двата тима следното лето ќе се обидат да го донесат во своите редови, но јасно е дека не се спремни да ја платат сумата од неговата откупна клаузула, туку ќе се обидат да преговараат со Спортинг.

Овој 24-годишен играч за врска може да ги покрие сите позиции во среднот ред, а може да игра и како крило. Фернандес кариерата ја започна во Италија, играше за Удинесе и Сампдорија, а во 2017 година се врати во својата татковина и го облече дресот на Спортинг Лисабон.

Фернандес има до сега 11 настапи за португалската репрезентација, а настапи и на Светското првенство.

https://youtu.be/VS7nPmxNZKM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…