Дома Трансфер зона Милан има план за Донарума, но што ќе каже Раиола?

Милан има план за Донарума, но што ќе каже Раиола?

Mилан има план за Џанлуиџи Донарума.

Еден од главните играчи на Милан во новиот проект е голманот Донарума.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот голман пред две сезони беше на чекор од заминување од клубот, но тогаш потпиша нов договор и покрај спротивната желба на неговиот менаџер Мино Раиола остана во клубот.

Тогаш Донарума се обврза на верност на Милан до летото 2021 година, меѓутоа „росонерите“ сакаат со новиот договор да го задржат барем до 2024 година, пренесува „Калчомеркато“.

Главна препрека во целата приказна е Мино Раиола кој не посакува таков расплет бидејќи сака да заработи голема сума од потенцијалниот трансфер на Донарума.

Донарума во овој момент заработува шест милиони евра годипно, Милан би морал да му даде најмалку еден милион повеќе за да го убеди Италијанецот да остане во матичниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…