Дома Трансфер зона Милан започна преговори со Ромањоли

Милан започна преговори со Ромањоли

Милан започнал преговори со својот капитен Алесио Ромањоли за продолжување на соработката, пренесува „Скај Италија“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.

Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак „росонерите“ ќе се обидат да го задржат.

Раководството доставило понуда до неговиот агент Мино Раиола, а во прилог им оди ситуацијата што самиот фудбалер сака да остане  на Сан Сиро.

Ромањоли оваа сезона игра одлично заедно со Томори во одбраната на италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…