Дома Трансфер зона Милан експресно ја одби понудата на ПСЖ за Донарума

Милан експресно ја одби понудата на ПСЖ за Донарума

Вчера реномираните италијански медиуми објавија дека Пари Сен Жермен и Милан започнале преговори за трансфер на Џанлуиџи Донарума.

Првичната понуда на ПСЖ за италијанскиот голман била 50 милиони евра, меѓутоа како дел од зделката „светците“ го нудат нивниот голман Алфонсо Ареола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот клуб го проценува Ареола на 30 милиони евра и понудил доплата од 20 милиони, а Милан експресно ја одбил таквата понуда.

„Росонерите“ не ја затвораат вратата за продажба на Донарума, но само доколку добијат понуда од 60 милиони евра во кеш.

Договорот на Донарума истекува во 2021 година, па доколку не биде продаден ова лето, Милан ќе започне преговори за продолжување на соработката бидејќи голманот на крајот на сезоната ќе влезе во последната година од договорот.

Донарума со само 16 години застана на голот на Милан, а дебитантскиот настап го забележа на 25-ти отктомври 2015 година против Сасуоло. Во април 2018 година со 19 години 49 дена стана најмладиот играч кој забележал 100 настапи во Серија А.

Во меѓувреме стана прв голман во италијанската репрезентација, после заминување на Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…