Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан донел одлука да го откупи Анте Ребиќ на крајот на сезоната.
Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Двата трансфери се разделени, па Милан ќе има шанса да го откупи Ребиќ, без разлика на трансферот на Португалецот.
Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“, па клубот започнал преговори со Ајнтрахт, открива „Газета дело Спорт“.
За перменентниот трансфер на Хрватот, Милан ќе треба да плати околу 30 милиони евра, а медиумите тврдат дека „росонерите“ се спремни да ја платат таа сума и да го откупат Ребиќ уште ова лето.