Дома Трансфер зона Милан го сака дефанзивецот на Баерн

Милан го сака дефанзивецот на Баерн

Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн, бидејќи влезе во последната година од договорот.

Преговорите помеѓу двете страни се во прекин, а Павард е спремен да ја промени средината.

Ситуацијата будно ја следи Милан, кој е силно заинтересиран за Французинот, а шпекулациите се разгореа откако Павард пред неколку дена беше на „Сан Сиро“ да ги гледа „росонерите“.

Тухел сака да го задржи, но доколку Павард не стави потпис на нов договор, Баерн е спремен да го продаде за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…