Дома Трансфер зона Милан го раскина договорот со левиот бек

Милан го раскина договорот со левиот бек

Хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ денес и официјално го раскина договорот со Милан.

Левиот бек пристигна на „Сан Сиро“ во 2018 година како слободен агент од Сампдорија, но минатата сезона поради срцеви проблеми не одигра ниту еден натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан ова лето на таа позиција го донесе Тео Хернандез од Реал Мадрид, па јасно беше дека за Стриниќ ќе нема место во тимот.

Хрватот имаше договор со „росонерите“ на уште две сезони, но денес спогодбено го раскина договорот со италијанскиот гигант,

Стриниќ ќе добие одреден бонус од Милан и како слободен агент ќе може да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Една од легендите го напушта Реал Мадрид

Репрезентативецот на Шпанија, Хозе Луис Фернандес Иглесијас или познат како Начо на крајот…