Дома Трансфер зона Милан го купува „заборавениот играч“ на Барселона?

Милан го купува „заборавениот играч“ на Барселона?

Милан е во големи проблеми поради повредите, надвор од терените се Билја и Бонавентура, вториот изгледа дека и ја заврши сезоната, додека Гатузо се уште не може да смета на Мусакио, Калдара и Ромањоли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Едно засилување веќе е капарисано за првиот месец следната година, талентираниот Лукаш Пакет од Фламенго ќе ги засили „Росонерите“, но управата е свесна дека потребни им се уште засилувања. Така се свртеа кон заборавениот играч на Барселона, Денис Суарез. Валверде не смета на поранешниот фудбалер на Севиља и Виљареал, му даде само една шанса оваа сезона, доби 10 минути во Лигата на Шампионите против ПСВ и тоа оваа недела.

„Росонерите“ така се надеваат дека би можеле да го ангажираат без поголеми проблеми, подготвени се да понудат позајмица со право на откуп, ќе видиме дали Барса ќе го прифати тоа или ќе се обиде да заработи од него уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…