Дома Фудбал Милан во новата сезона тргнува без Златан Ибрахимовиќ

Милан во новата сезона тргнува без Златан Ибрахимовиќ

Шведскиот напаѓач се уште нема донесено конечна одлука.

Како што јавува Скај Спорт, Ибрахимовиќ не одговорил на понудата од Милан и можно е во понеделник да не се појави на првиот тренинг на Милан од припремите за новата сезона.

38-годишниот играч како слободен агент од ЛА Галакси дојде во јануари, но неговиот договор истекува на крајот од август, а на Сан Сиро прават се да го задржат барем уште една сезона.

Ибра се уште нема донесено одлука за новиот договор, но се верува дека на крајот ќе потпиша, ќе остане верен на клубот и ќе му помогне после долго време да се врати во ЛШ.

Ибра во 20 натпревари од јануари постигна 11 голови и запиша пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…