Дома Трансфер зона Милан во Наполи ја најде замената за Ибрахимовиќ

Милан во Наполи ја најде замената за Ибрахимовиќ

Милан е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ на лето ќе останат без Златан Ибрахимовиќ и се во потрага по нов напаѓач, а Милик е првата желба.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полскиот напаѓач има договор со Наполи до 2021 година и одби да ја продолжои соработката бидејќи сака да ја промени средината. На лето ќе влезе во последната година од договорот па Наполи ќе мора да го продаде.

Наполи за неговата слобода бара 35 милиони евра, а Милан е спремен да понуди 25 милиони евра и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Милик дојде во Неапол летото 2016 година за 32 милиони евра и оваа сезпна на 22 одиграни натпревари 26-годишниот полски фудбалер постигна 12 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…