Милан во последните денови на преодниот рок не успеа да го комплетира трансферот Роман Фавре од Брест.
„Росонерите“ имаа договор со 23-годишниот офанзивен фудбалер, но не успеаа да се договорат со Брест за висината на обештетувањето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фавре важи за еден од најперспективните француски фудбалери и игра фантастично и оваа сезона, па е на мета на неколку европски гиганти.
Милан ќе се обиде да го донесе во јануари и веќе има комплетен договор со играчот, а наскоро спрема нова понуда до францускиот клуб.
Станува збор за офанзивен играч за врска кој може да игра и на крилните позиции. Оваа сезона на 13 меча во Лига 1 запиша 5 гола и 5 асистенции.
🚨 AC Milan will return with a new offer for Romain Faivre 🇫🇷 in the January window. A meeting with the player's agents is organized. The player already said 'YES' to the move and rejected some important bids from German clubs. #ACMilan
— Football Transfers (@Transferzone00) November 21, 2021
(via @DiMarzio🌕)