Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик би можел да се пресели во Милано во зимскиот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.
Милик влезе во последната година од договорот, но ова лето не го напушти Наполи, иако беше на излезна врата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи сака во јануари да го продаде 26-годишниот напаѓач, бидејќи тоа е последната шанса да заработи од неговото заминување.
Милик нема ниту една одиграна минута оваа сезона и сака што побрзо да ја промени средината, а Интер и Милан сакаат да ја искористат таквата ситиација и да го донесат во Милано.
Наполи за слободата на Полјакот бара 15 милиони евра, но миланските гиганти сакаат да платат само симболична сума од 5 милиони плус бонуси за Милик.