Познато е дека Мемфис Депај е главна трансфер цел на Милан, но сега и градскиот ривал се вклучи во траката за потписот на холандскиот репрезентативец.
Депај одигра фантастична сезона во дресот на Лион, каде на 55 натпревари постигна 22 гола и запиша 17 асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан веќе подолго време работи на трансферот и доби зелено светло од неговиот агент, но сега и градскиот ривал се вклучи во траката за неговиот потпис.
„Нероаѕурите“ се во потрага по крилен напаѓач заедно со Политано од Сасуоло и Верди од Болоња. „Газета дело Спорт“ тврди дека Интер веќе стапил во контакт со агентот на Депај, но проблем може да биде сумата од 40 милиони евра која ја бара Лион за неговата слобода.
Од друга стана Милан е спремен да ја плати таа сума, која ќе ја финансира со продажбата на Андре Силва.
„Газета дело Спорт“ тврди дека во моментов „росонерите“ се во предност за потписот на Холанѓанецот, но битката допрва треба да се „разгори“
#Inter, sfida al #Milan per #Depay https://t.co/h9dDfEv74j pic.twitter.com/eXbFbx7pwG
— calciomercato.com (@cmdotcom) May 30, 2018