Дома Фудбал Микхатријан: Судијата требаше да почека да заврши акцијата па да суди пенал

Микхатријан: Судијата требаше да почека да заврши акцијата па да суди пенал

На натпреварот помеѓу Јувентус и Рома вчера во финишот од првото полувреме се случи еден контроверзен момент.

Абрахам постигна гол, но судијата претходно досуди пенал. Шчесни го одбрани пеналот, па Рома не дојде до изедначување.

Критики за таа ситуација испрати Хенрик Микхтаријан.

„Зошто не почека да заврши акцијата па да суди пенал? За офсајд секогаш се чекаат седум-осум секунди, зошто така не беше со пеналот? Сите видоа што се случуваше, не знам што да кажам“.

„Нормално е да сме фрустрирани. Ние бевме подобриот тим, креиравме повеќе шанси, можевме до победа ако ги реализиравме, но напредуваме и веруваме дека можеме да победуваме“, изјави Микхтаријан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Екерт бара крај на „Спајгејт“: Саутемптон повторно пред Мидлсбро

По исфрлањето од плејофот и одземањето четири бода, Тонда Екерт сака Саутемптон да го оста…