Кошаркарите на Партизан го совладаа МЗТ во Скопје со резултат 92:74, во второто коло од АБА лигата.
Партизан создаде предност од 16 разлика во првата четвртина, остатокот од натпреварот беше рамноправен, но МЗТ Скопје не успеа да се врати по лошиот старт.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Беше одлична атмосфера во салата. Отворивме многу добро, а продолживме во ист ритам и понатаму. Бевме агресивни во одбрана како што сакав. Најсерозно се подготвувавме за мечот. На МЗТ му посакувам среќа, почеток е на сезоната, прерано е за заклучоци, не би давал прогнози, но МЗТ денеска се бореше до крај и покрај негативата, секоја чест за тоа“, изјави Обрадовиќ.