Дома Останати Кошарка МЗТ и Карпош Соколи финалисти во Суперкупот

МЗТ и Карпош Соколи финалисти во Суперкупот

МЗТ Скопје и Карпош Соколи ќе се борат за првиот трофеј на домашнатат сцена, откако со победите над Фени индустри, односно Куманово, изборија пласман во финалето на Суперкупот.

Актуелниот шампион и бранител на трофејот во Суперкупот, МЗТ, во првиот меч на турнирот, кој се игра во „Јане Сандански“, го декласира Фени индустри со 83-50. Американецот, кој ова лето пристигна во екипата од Аеродором, Џошува Смит со 14 кошеви го предводеше МЗТ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Малку повеќе неизвесност имаше во вториот полуфинален дуел во кој Карпош Соколи славеа 82-72 против Куманово. Најефикасен играч на натпреварот беше Данило Мијатовиќ од Куманово со 21 поен.

Финалниот меч ќе се одигра в петок од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…