Дома Останати Мејдевер, Меси и Роналдо со најголеми приходи изминатата деценија

Мејдевер, Меси и Роналдо со најголеми приходи изминатата деценија

Исклучителниот скок на договорите за телевизиски права и богатите спонзорски договори, пред се со „Најк“ и „Адидас“ значително ги зголемија приходите на спортистите од 2010 година наваму.

Претходно Тајгер Вудс беше единствениот спортист со приходи поголеми од 80 милиони долари годишно, а во последната деценија многу спортисти можат да се пофалат со тоа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак, рекордер е Флојд Мејдевер, чија банкарска сметка во последните десет години стана побогата за 915 милиони долари. Професионалниот боксер започна да заработува многу уште во 2006 година, но најголемите заработки ги направи во 2015 и 2017 година со борбите против Пакао и Мекгрегор.

Потоа следуваат двете фудбалски ѕвезди. На второто место е Кристиано Роналдо кој изминатата деценија заработил 800 милиони долари, а на третото место е Лионел Меси со заработка од 750 милиони долари според „Форбс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…