Германскиот репрезентативец Месут Озил не крие дека е задоволен што Унаи Емери беше отпуштен од Арсенал кон крајот на минатата година.
Емери го напушти „Емирати“ затоа што челниците на клубот не беа задоволни од резултатите и наместо него пристигна Микел Артета. Доаѓањето на Артета значеше и враќање на Месут Озил во првиот тим, кој не се изнаигра додека таму беше Емери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Озил во првиот дел од сезоната најчесто беше на клупата и се повеќе се зборуваше дека ќе го напушти клубот. Но, после заминувањето на Емери за него се’ се промени и Артета го врати во почетниот состав.
Германецот не крие дека бил среќен кога Емери заработил отказ, а прилика да го “боцне“ шпанскиот стручњак искористи на припремите во Дубаи каде играчите на Арсенал се наоѓаат веќе некое време.
Новинарите го прашаа која е разликата помеѓу Емери и Артета, а Озил кратко одговори: „Кај Артета играм“.
Mesut Özil shots at Unai Emery continue: “Under Arteta I am playing.” pic.twitter.com/GVhxxyeK9e
— TikiTakaConnor (@TikiTakaConnor) February 10, 2020