Дома Трансфер зона Меси се прости од Видал: За мене секогаш беше феномен

Меси се прости од Видал: За мене секогаш беше феномен

Aртуро Видал вчера вечер допатува во Милано на лекарски прегледи со Интер, во текот на денешниот ден треба да бидат завршени сите формалности и Чилеанецот да се приклучи на новиот тим.

Видал после две сезони ја напушта Барселона откако Роналд Куман му соопшти дека нема да смета на него. Тој реши кариерата да ја продолжи во Интер со кој ќе потпише тригодишен договор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера вечер пристигна во Милано, а Интер на својот профил објави и видео со кое го потврди трансферот.

Од Видал преку социјалните мрежи се прости и Лионел Меси кој до него испрати емотивна порака.

„Те познавав од меѓусебните дуели и за мене беше феномен но потоа имав среќа да те запознаам и уште повеќе ме изненади. Во две години делевме многу и ти остави свој печат. Ќе ни недостасуваш. Ти посакувам се најдобро во новата етапа. Ќе се сретнеме повторно, сигурно“, напиша Меси, а Видал му одговори:

„Ти благодарам Лео кој си вонземјанин. Ми беше чест да играм со најдобриот во историјата и благодарен сум ти за пријателството. И ти ќе ми недостасуваш, но се гледаме наскоро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…