Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во вторник пристигна во Мајами пред официјалното потпишување на договорот со Интер.
Меси слета на аеродромот Форт Лодердејл со приватен авион. Шпанските медиуми пренесуваат дека аргентинскиот фудбалер пристигнал на Флорида од Бахамите, каде го поминал својот одмор со семејството.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот (36) претходните две сезони настапуваше за Пари Сен Жермен, а по истекот на договорот со шампионот на Франција, одлучи кариерата да ја продолжи во Интер од Мајами.
Минатата недела американскиот клуб најави настан наречен „Откривање“ за 16 јули на нивниот стадион каде Меси ќе биде претставен како новото засилување на Интер, кој неодамна го презеде аргентинскиот тренер Херардо Мартино.
Меси би требало да дебитира во дресот на својот нов клуб на 21 јули против мексиканскиот Круз Азул.
🚨 Leo Messi has arrived in Miami. 🇦🇷🛬🇺🇸
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 11, 2023
(🎥 @SC_ESPN)pic.twitter.com/hjmbJWKCvm