Дома Топ вести Меси одобри – Играчот од Премиер лигата се сели во Барселона?

Меси одобри – Играчот од Премиер лигата се сели во Барселона?

Навивачите на Барселона се уште со нетрпение ги очекуваат летните засилувања кои управата на каталонскиот клуб ги најавија пред неколку недели.

Барселона ова лето ќе направи реконструкција на екипата и сигурно дека на „Камп Ноу“ ќе пристигнат неколку нови засилувања. Се разбира, неизбежно е и да има заминувања, а веќе се знае на кои играчи Валверде нема да смета следната сезона. За тоа кој ќе пристигне во Барселона се шпекулира долого време, а во тиe приказни има ново име.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонски Спорт денеска објави дека Барселона ова лето најверојатно ќе го донесе играчот на Лестер, Ријад Марез. Алжирскиот репрезентативец минатата недела издаде соопштение во кое јасно кажа дека сака да го напушти „Кинг Пауер“ и кариерата да ја продолжи во некој клуб каде следната сезона ќе игра во ЛШ.

Како што пишува истиот извор, Барселона стапила во контакт со овој играч, чиј сон е еден ден да заигра за овој клуб. Наводно, трансферот наскоро би требало да се формализира, бидејќи дозвола за ова засилување има дадено Меси. Познато е дека управата на Барселона редовно се консултира со Аргентинецот за доведување на нови играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…