Дома Фудбал Останато Меси не може да биде лидер поради неговото семејство!?

Меси не може да биде лидер поради неговото семејство!?

Легендарниот Диего Армандо Марадона често пати се појавува во јавноста со критики за одредени фудбалери, сега одново на негова мета се најде сонародникот Меси.

Марадона кога прв пат го критикуваше Меси тврдеше дека неговите зборови биле погрешно пренесени, но сега одново излезе со изјава во која го доведува во прашање лидерството на неговиот сонародник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Марадона зборуваше за аргентинскиот весник „Оле“.

„Навистина го сакам Меси. Сите сакаат тој да биде нашиот нов лидер, но тој не е во можност да биде тоа. Причина за тоа е што тој е во еден свој спортски свет и во светот на неговото семејство“, изјави легендарниот Диего.

Во јавноста сега се чека одговорот на ѕвездата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…