Дома Топ вести Меси најави тужби: Само пет луѓе знаеле за договорот!

Меси најави тужби: Само пет луѓе знаеле за договорот!

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ денес ја шокира јавноста откако објави детали од договорот кој го има Лионел Меси со Барселона.

„Ел Мундо“ на насловната тврди дека има копија од договорот кој го потпишал Меси во 2017 гдоина и кој е вреден повеќе од 555 милиони евра. Тоа значи дека Аргентинецот годишно заработувал 138 милиони евра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона веднаш се огласи и изрази жалење што се објавиле вакви информации со оглед на тоа дека станува збор за документ кој е деловна тајна.

Во меѓувреме Меси спрема тужа за „кртот“ кој го доставил документот во споменатиот медиум и неговиот тим адвокати веќе работи на тоа.

Само пет луѓе вработени во клубот знаеле за деталите од договорот, а тоа се Жосеп Бартомеу, Оскар Грау, Карлес Тускетс и уште двајца неименувани членови на клубот од 2017 година.

Оваа ситуација само ги зголемува шансите Аргентинецот на лето да ја напушти Барселона како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…