Дома Фудбал Меси: Колку повеќе играме јас, Нејмар и Мбапе толку подобри ќе бидеме

Меси: Колку повеќе играме јас, Нејмар и Мбапе толку подобри ќе бидеме

ПСЖ вчера славеше против Манчестер Сити со 2:0, а првиот гол во дресот на „светците“ го постигна Лионел Меси.

Аргентинецот го постигна вториот гол, претходно стрелаше Гаје. Меси се уште ја учи играта на тимот и верува дека од натпревар во натпревар ќе бидат се подобри.

„Го сакав ова, во изминатиот период не играв многу. Се уште го учам тимот и моите соиграчи малку по малку. Знам дека ова беше важен момент. Треба да породолжиме, има уште многу натпревари оваа сезона. Колку повеќе играме заедно Нејмар, Мбапе и јас толку подобри ќе бидеме“, изјави Меси.

Со вчерашната победа ПСЖ дојде четири бода во Лигата на шампионите, во претходното коло одиграа реми со Клуб Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…