Еден од најдобрите светски фудбалери Лионел Меси синоќа и официјално беше претставен како нов фудбалер на Интер Мајами.
Презентацијата се одржа во неговиот нов дом, на стадионот ДРВ ПНК, а Меси беше пречекан од илјадници фанови на неговиот нов клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако на Флорида времето беше многу лошо, а се очекуваше дождот да го натера клубот да го одложи претставувањето на Меси, тоа не се случи.
Интер Мајами одлучи да ја спроведе презентацијата како што беше најавено, а дождот не ги спречи илјадниците фанови да присуствуваат на овој настан.
Пред навивачите се обрати и првиот човек на Интер Мајами, Дејвид Бекам, кој е најзаслужен за доаѓањето на Меси во клубот.
„Пред десет години го започнав моето патување со намера да изградам нов тим во МЛС. Тогаш реков дека сонував да донесам големи играчи во Мајами.
Сакав тие да бидат играчи кои ја делат нашата амбиција да ни помогнат да изградиме фудбал во оваа земја. – рече тој. Бекам и додаде:
“Многу сме среќни што сите сте тука да го прославите овој неверојатен момент. Ве молам простете ми што сум емотивен вечерва. Ова е остварување на сонот за мене. Меси е во Интер Мајами”, рече Бекам.
Сепак, синоќа не беше само претставувањето на Лео Меси, туку и уште еден феноменален играч и неговиот пријател од Барселона.
Станува збор за Серхио Бускетс, кој следната сезона во Интер Мајами ќе го носи дресот со број 5 и по долго време ќе игра со Меси.
Soak it in, Leo Messi.
— Major League Soccer (@MLS) July 17, 2023
The warmest of welcomes to @InterMiamiCF. pic.twitter.com/STzKSDrBGh