Аргентина вечерва е под импетарив за победа против Хрватска.
Се очекува одличен натрпевар, а се разбира сите очи на навивачите на Аргентина се вперени кон Лионел Меси. Аргентинецот одигра многу слабо во првиот натпревар против Исланд, не искористи пенал, а камерите го „фатија“ загрижен и замислен по еден тренинг. Изложен на критики на медиумите и нацијата, сите се свесни за големиот притисок кон брзиот фудбалер на Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Лошо се чувствува и многу малку комуницира“, изјави за англискиот таблоид „Мирор“ извор близок до аргентинската репрезентација.
Во селекцијата на Аргентина изгледа дека прават се само Меси да биде оној вистинскиот, а во прилог на тоа оди тоа што селекторот Сампаоли го пуштил Меси да разговара и со неговата сопруга. Натпреварот против Хрватска започнува во 20:00, а дали Меси ќе проработи и ќе биде клучна карика на Аргентинците останува да видиме.