Вечерва Аргентина ќе игра против Полска и се надева дека ќе обезбеди пласман во следната фаза на Светското првенство.
Аргентинците ги разочараа своите фанови на стартот од Мундијалот со поразот од Саудиска Арабија, меѓутоа потоа се вратија во игра за осминафинале со победата против Мексико. За пласман во следната фаза на „Гаучосите“ им е потребна победа против Полска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во минатото коло Меси го постигна својот осми гол на Светските првенства и така се изедначи со Диего Марадона по бројот на постигнати голови. Ако постигне гол вечерва Меси ќе го помине Марадона, но исто така продолжува да се доближува до рекордот на Лотар Матеус.
Матеус е играчот со најмногу натпревари на Мундијалите (25), Меси во овој момент има 21 и му недостасуваат уште четири. Зад Матеус со 25 меча е германската легенда Мирослав Клосе со 24, Паоло Малдини има 23, а Диего Марадона, Уве Зелер и Владислав Жмуда по 21.