Дома Фудбал Меси: Би сакал Гвардиола да се врати, но не знам колку е тоа реално

Меси: Би сакал Гвардиола да се врати, но не знам колку е тоа реално

Фудбалерот на Барселона, Лео Меси призна дека до крајот на кариерата сака повторно да соработува со Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак ги предводеше Каталонците од 2008. до 2012. година и со нив освои се што можеше да се освои, па Меси јавно призна дека повторно сака соработката да се воспостави.

„Би сакал повторно да соработувам со Гвардиола. Би било одлично доколку еден ден се врати во Барселона, но не знам колку е тоа реално. Ми се чини дека е прилично комплицирано.“ – изјави Меси и додаде:

„Тој е дефинитивно еден од најдобрите тренери на светот и тоа е причината поради која би сакал да се врати. Беше неверојатно искуство да соработувам со него.“

Пеп Гвардиола после заминувањето од Барса прво го предводеше Баерн Минхен, а моментално е во својата трета сезона како тренер на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготвува потег: Араухо може трајно да остане на „Енфилд“

„Црвените“ се задоволни од уругвајскиот дефанзивец и на зима би можеле да отворат разговор…