Фудбалскиот агент, Жорге Мендеш во разговор за „Скај Спорт“ најави каде би можел неговиот најпознат клиент Кристиано Роналдо да ја заврши кариерата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалецот летото 2018 година дојде од Реал Мадрид во Јувентус и во Италија веќе освои неколку трофеи.
Мендеш најави дека Јувентус би можел да биде последниот клуб во кариерата на Роналдо.
„Среќен е во Јувентус, работи со одличен тренер и би можел да ја заврши кариерата таму“, изјави познатиот агент.
Инаку, Роналдо неодамна беше во мала криза кога се головите во прашање, но погоди против Лацио пред десетина дена, а од тогаш во наредните две средби постигна уште три гола.
Оваа сезона вкупно на своето конто има 11 голови и две асистенции после 19 одиграни натпревари во сите натпреварувања.