Едисон Кавани е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ и се уште е во потрага по нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најблиску беше до Бенфика меѓутоа преговорите со Португалците пропаднаа поради неговите високи барања.
„Газета дело Спорт“ објави дека Кавани го одбил Јувентус и како слободен играч би можел да се пресели ни помалку, ни повеќе туку во Реал Мадрид.
Според информациите Реал Мадрид сериозно размислува да го доведе Кавани доколку ова лето успее да ги продаде Лука Јовиќ и Маријано Диаз, двајцата напаѓачи кои паднаа во втор план кај Зидан.
Медијатор на целата операција е агентот Жорге Мендеш кој е во одлични односи со „кралскиот“ клуб.