Дома Македонски спорт Мак фудбал Менаџерот на Барди: Македонија ја користи одбивноста на Фудбалскиот сојуз на Албанија!

Менаџерот на Барди: Македонија ја користи одбивноста на Фудбалскиот сојуз на Албанија!

Изјавата на Енис Барди во која истакнува дека секој Албанец сака да игра повеќе за Албанија отколку за Македонија, „крена“ голема прашина.

Сега неговиот менаџер сега се обиде да ја смири ситуацијата, но сепак и тој откри дека се обидел да конткатира со луѓе од репрезентацијата на Албанија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меритон Бериша во изјава за „Спорт Експерс“ открива дека ниту еден член на Фудбалскиот сојуз на Албанија не бил заинтересиран да му даде шанса на младиот фудбалер.

„Се обидував да стапам во контакт преку социјалните мрежи, човекот беше Реди Јупи, но откако му ја испратив пораката тој ме отстрани од листата на пријатели и тоа беше се. Сето тоа се случуваше во 2013 година кога Барди беше дел од младинските категории на Брондби“.

„Морам да потенцирам, знам дека во слична ситуација како и Барди биле и уште многу Албанци од Македонија. Но, Фудбалскиот сојуз на Албанија воопшто не покажува заинтересираност, па Македонија ја користи таквата ситуација и им дава шанса да се докажат“, заврши Бериша.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Уште еден подвиг на Сашко Кедев: Стана првиот Македонец кој го искачил петтиот највисок врв во светот!

Maкедонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев успеа да направи уште еден подвиг и утрото н…