Дома Македонски спорт Мак баскет Мекиќ голем оптимист: Можеме да ги победиме Естонците!

Мекиќ голем оптимист: Можеме да ги победиме Естонците!

Победнички се враќа Адем Мекиќ во Скопје за да се стави во служба на нашиот репрезентативен колектив. Изминатиот викенд, со својот клуб Задар, стигна до првиот трофеј во оваа сезона – Купот на Хрватска, па по кратко одмор, веќе е на тренинг со „црвено-жолтите“.

Нашето крило ги знае квалитетите на првиот противник во квалификациите за Евробаскетот 2025. И верува дека Македонија пред своите навивачи во петок навечер од 19.часот, во СРЦ „Кале“ предводена од поискусните играчи ќе дојде до триумф против тимот од Балтикот:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Естонија е репрезентација што добро ја познаваме и на која и ја препуштаме фаворитската улога. Главна одлика им е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка и мислам дека во последните години играат феноменална кошарка.

Сепак, ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи. Имаме релативно млада селекција надополнета со искусни и квалитетни кошаркари. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме максимумот, верувам во позитивен резултат. Имаме врвни играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски кои имаат енормно големо искуство и квалитет, надополнети со нашата релативна младост и знаење, така што се надевам на добра игра и позитивен резултат за нас“ –  вели Мекиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…