Дома Трансфер зона Медиумите тврдат: Напаѓачот дефинитивно ја напушта Барса!

Медиумите тврдат: Напаѓачот дефинитивно ја напушта Барса!

alcaser

Според шпанските медиуми дефинитивно ја напушта Барселона, прашањето е само каде.

После одличните настапи во дресот на Валенсија, епизодата во Барселона за Пако Алкасер не поминува баш славно.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Алкасер ниту кај Енрике, ниту кај Валверде не успеа да се избори за посериозна улога покрај силната конкуренција, па разделбата изгледа е неминовна.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Виљареал и Селта се заинтересирани за 24 годишниот напаѓач.

Покрај двата шпански клуба според „Скај Спорт“ Алкасер е и на радарот на Саутемптон, но сепак овој клуб прво треба да се избори за опстанок во Премиер лигата па потоа да размислува за засилувања.

Значи, до овој момент се откриени три можни опции, останува да видиме дали во оваа трка ќе се вклучи уште некој и каде Алкасер ќе се обиде да ја оживее својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …