Веќе некое време се пишува за ова, а изгледа дека трансферот е поблиску од било кога.
Одличниот голан на Атлетико, Јан Облак уште во првите денови на јануари би требало да се пресели на „Паркот на Принцовите“. Приказната ја напиша мадридскиот „AS“, а ја пренесуваат и многу шпански и француски медиуми. Еден од најдобрите голмани во светот така својот 25. роденден, кој ќе го прослави на 7. јануари би требало да го дочека во Париз.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Словенецот во 2014. пристигна за 16 милиони евра од Бенфика и така стана најскапиот голман кој пристигнал во Примера. Сега би требало да стане и најскап во светот досега. Потсетуваме, тој на почетокот на минатата година го продолжи договорот со Атлетико до 2021. со клаузула од 100 милиони евра, а сега ПСЖ е подготвен да ја активира клаузулата.
Споменатиот весник тврди дека ПСЖ му нуди на Атлетико за замена пари и двајца играчи: голманот Кевин Трап и Хавиер Пасторе. Доколку оваа трампа не се случи, Парижаните се подготвени да платат и 100 милиони евра, но секако доколку Облак се согласи да си замине.