Унаи Емери според италијанските медиуми е еден од кандидатите за клупата на Милан, пишуваат медиумите во Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Апенините се убедени дека Стефано Пиоли нема наредната сезона да седи на клупата на Милан и во склад со тоа на големо се шпекулира за потенцијалните наследници.
Прво изгледаше дека се е договорено со Ралф Рагник, но бидејќи Германецот таквите гласини ги отфрли како можно решение сега се споменува Емери кој е без работа откако доби отказ во Арсенал.
„Росонерите“ за Емери беа заинтересирани и во 2016 година, а сега целата приказна ја води Иван Газидис кого Шпанецот го доведе и во Арсенал, меѓутоа идејата за неговото доаѓање не им се допадна на навивачите.
На Твитер може да се видат бројни објави од навивачите дека Емери не е вистинскиот човек за нивниот клуб, а не кои симпатизиер пишуваат дека неговото доаѓање е полоша работа и од короната.
Во досегашната тренерска кариера Емери покрај Арсенал ги водеше уште ПСЖ, Севиа, Валенсија, Алмерија и Спартак Москва.