Дома Останати Медведев ќе мора да се откаже од Путин ако сака да игра на Вимблдон

Медведев ќе мора да се откаже од Путин ако сака да игра на Вимблдон

Рускиот тенисер Данил Медведев се наоѓа во тешка позиција и можеби нема да настапи на Вимблдон, поради руската инвазија во Украина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Апсолутно никој на Вимблдон нема да може да настапи под руското и белоруското знаме. Тоа значи дека Данил Медведев ќе може да настапи само ако јавно го осуди рускиот претседател Владимир Путин.

„Треба да се погрижиме Русите кои ќе играат на Вимблдон воопшто да не го поддржуваат Владимир Путин, а размислуваме што да правиме за да добиеме гаранции. Првиот чекор е јасно да се дистанцираат од Владимир Путин, неговите ставови и постапки. Нема шанси да дозволиме веење на руски знамиња, но и појавување на оние кои на било каков начин го поддржуваат Путин и неговиот режим“, изјави министерот за спорт на Велика Британија.

На почетокот на следната недела Русинот на врвот на светската ранг-листа ќе биде заменет со Новак Ѓоковиќ, кој по само три недели ќе се врати на светскиот трон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Новак Ѓоковиќ ја сподели својата прогноза за Светското првенство, а неговиот избор ги изне…