Дома Останати Тенис Медведев со пресврт го победи Надал

Медведев со пресврт го победи Надал

Данил Медведев е вториот учесник на Завршниот мастерс во Лондон откако во полуфиналето го победи Рафаел Надал со 2:1 во сетови.

Шпанецот е тој кој прв дојде до водство. Клучниот брејк во првиот сет го направи во осмиот гејм кога поведе со 5:3. Во наредниот гејм беше сигурен на сервис и со 6:3 дојде до водство од 1:0.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На стартот од вториот сет Русинот прв прави брејк и доаѓа до водство од 2:0 во гејмови, но Надал врати со два брејка и при резултат 5:4 сервира за победа. Сепак, Медведев прави брејк и изедначување.

Вториот сет се реши со тај-брејк. Тука Медведев одигра одлично и го однесе натпреварот во трет сет.

Во одлучувачкиот сет без брејк до седмиот гејм кога Медведев го зема сервисот на Надал и поведе со 4:3. Русинот ги освоии наредните два гејма за 6:3 и голема победа.

Медведев во финалето е игра против Доминик Тим кој во другото полуфинале беше подобар од Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал го потврди настапот во Барселона

Рафаел Надал ќе настапи на мастерс турнирот во Барселона кој почна денеска, потврди шпанск…