Данил Медведев неодамна го зазеде првото место на АТП листата, го престигна Новак Ѓоковиќ и таму ќе остане најмалку до 14 март.
Рускиот играч го оствари сонот, дојде до врвот, но сега направи потег кој предизвика бура од реакции. Тој на својот Инстаграм профил го избриша руското знаме и шокираше многумина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во моментот кога беснее војната во Украина, еден од најдобрите руски спортисти реши да го тргне знамето на својата земја.
Некои му се заблагодаруваат и тоа го сфаќаат како порака за поддршка против војната, а неговите сонародници се гневни и на тоа гледаат како на своевидно предавство.
„Контактирав со агентот на Данил и го прашав зошто го избришал руското знаме од неговата биографија. Тие ми рекоа дека не сакаат да го коментираат тоа“, напиша новинарката Кимберли Живан.
Неодамна на турнирот во Акапулко каде загуби од Надал, Медведев зборуваше токму на таа тема.
„Гледам вести и не ми е лесно. Како тенисер сакам да се залагам за мир во светот. Играме во многу различни земји, сум бил во толку многу различни земји и како јуниор и како професионалец и ова е навистина тешко за мене. Јас се залагам за мир“, рече Медведев во Мексико.