Дома Останати Тенис Медведев го делат само три победи од врвот на АТП листата

Медведев го делат само три победи од врвот на АТП листата

Русинот Данил Медведев го совлада Американецот Максим Креси со 3:1 во сетови во меч кој траеше три ипол часа.

Со овој триумф Медведев се најде на три победи до освојување на вториот гренслем во неговата кариера, но и до првото место кое го држи Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер по одбивањето на визата не доби прилика да ја брани титулата на Австралија Опен, па во случај Медведев да биде победникот ќе го прескокне на врвот на АТП листата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во четврфиналето Медведев го чека меч против Феликс Озе-Алисам кој беше подобар од Марин Чилиќ со 3:1 во сетови. Чилиќ поведе со 1:0 во сетови, но потоа следуваше пад во неговата игра кој противникот знаеше како да го искористи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…